А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Трамп испрати писмо до Заев: Ви честитам, Северна Македонија е голем партнер на САД

by А1он20/02/2019 - 17:42389
Share0

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска примил писмо од Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, соопштија од владината прес-служба.

Добивај вести на вибер

Во име на американскиот народ, Ви честитам за ратификацијата и имплементацијата на Договорот од Преспа. Ова е најисториското достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор и сведочи за Вашето храбро лидерство. Преку Вашите напори со премиерот Ципрас, обезбедивте постабилна и попросперитетна иднина, не само за вашите две земји, туку и за целиот регион. Вашата земја сега ќе го заземе местото кое ѝ припаѓа во Северноатлантската алијанса како Република Северна Македонија, напишал американскиот претседател во писмото до Заев.

„Се надевам дека Договорот од Преспа ќе послужи како инспирација за другите држави во регионот. Тој ја потенцира суштинската вистина дека со политичка храброст и способност за фокусирање на долгорочна корист наспроти краткорочни ризици, лидерите може да направат тешки компромиси кои се неопходни за да ги насочат своите земји на пат кон посветла иднина.

Уште еднаш Ви честитам за лидерството и посветеноста да го доведете овој процес до неговиот крај, од преговорите преку ратификацијата па сè до неговата целосна имплементација. Северна Македонија е голем партнер на Соединетите Американски Држави. Ние се радуваме што ќе можеме да ве пречекаме како наш 30-ти сојузник во Северноатлантската алијанса и да продолжиме со нашата заедничка работа со цел да обезбедиме мир и просперитет на Западен Балкан“, стои во писмото од американскиот претседател, Доналд Трамп.

 

donald trampseverna makedonijaZoran Zaev

Би можело да ве интересира

Трамп: Ја добивме војната со Иран, никогаш нема да имаaт нуклеарно оружје

А1он24/03/2026 - 20:3224/03/2026 - 20:33

Цените на гасот во Европа паднаа откако Трамп се откажа од закана за напад врз иранските електрани

А1он23/03/2026 - 18:09

(ВИДЕО) Трамп: Ајатолахот и јас можеме да го контролираме Ормутскиот теснец

А1он23/03/2026 - 17:2823/03/2026 - 18:49

Трамп: Мило ми е што почина екс шефот на ФБИ

А1он22/03/2026 - 10:5022/03/2026 - 10:35

Трамп му постави ултиматум на Иран: Имате 48 часа да го отворите Ормутскиот теснец, во спротивно ќе ве уништиме!

А1он22/03/2026 - 08:33

Трамп разгледува три сценарија за копнена операција

Предраг Петровиќ21/03/2026 - 17:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто