Четириест и девет годишен тракторист загина во сообраќајна несреќа на локалниот пат с.Страгово кон регионалниот пат Кавадарци – Мушов Гроб.
Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила вчера во 14:35 часот кај м.в„Ладно долче“, кога Зоранчо Л. од Кавадарци управувајќи трактор „ИМТ 539“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот, при што од здобиените повреди починал на местото на настанот.
Увид на местото извршиле ОЈО и увидна екипа од ПС ОН-Кавадарци.