Тракторист од Велес осомничен за напад врз полицајци

Од:

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице на возраст од 63 години за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од чл.383 ст.2 в.в.ст.1 од Кривичниот законик.

„На 23 август, осомничениот нападнал двајца полициски службеници од СВР Велес, нанесувајќи им телесни повреди. Откако управувајќи трактор не сопрел на зададените звучни и светлосни предупредувања од полицајците, туку продолжил да се движи кон индустрискиот дел од градот, оштетените со полициско возило го стигнале“, соопшти Обвинителството.

„На знак од еден од оштетените со светлечка палка СТОП и гласно упатено барање да запре, осомничениот свртел со тракторот во лево и продолжил да се движи во правец директно кон оштетените. Со тракторот удрил најпрвин во едниот, а потоа и во другиот полициски службеник. Полицајците се обиделе да го запрат, но тој продолжил да ги удира со боксови. Кога конечно успеале да го совладаат, им се заканил дека ќе го запаметат, како и дека ќе ги уништи нив и нивните семејства.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, особено со оглед на упатените закани кон оштетените, јавниот обвинител достави предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена“, се наведува во соопштението на Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“