Тракторист и дваесет и двегодишен моторциклист загинаа во две одделни сообраќајки што се случија во неделата, соопшти МВР.
Првата сообраќајка се случила во неделата околу шест часот на локалниот пат на струмичкото село Ново Коњарево кон село Бајково.
Седумдесет и петгодишниот Вангел Илиев од селото Ново Коњарево починал на лице место, кога неговиот трактор со кој се качувал на угорница почнал да оди на назад и се превртел.
Уште една сообраќајка се случила во недела попладне, околу 17.20 на регионалниот пат Берово – Струмица, кај местото Суви лаки.
Дваесет и двегодишниот Васко Пешов изгубил контрола над моторот, излетал од патот и починал на лице место.
По наредба на истражен судија, телото е предадено на семејството.