Трајковски: Заев се пазари со највисоките национални интереси на Македонија

Од:

Прашањето на заштита на националните интереси и одбрана на Република Македонија е егзистенцијало прашање, прашање на опстанок на македонскиот народ. Тоа никогаш не било и нема да биде прашање за пазарење, поврзано со избори или какво било прибирање на ситни политички поени. За ова прашање своите животи ги жртвуваа илјадници Македонци. Прашањето да се биде или не, да се заштити независна и суверена Република Македонија за ВМРО ДПМНЕ секогаш било и ќе остане врвен приоритет, без разлика дали има избори или нема. Без разлика дали одбраната на националните интереси значи губење политички поени или критики од одредени кругови.

Тоа што СДСМ го стори вчера во соопштение до јавноста беше признание дека редефинирањето на уставот, воведувањето двојазичност и федерализација партијата го третира како предизборен проект ветен во замена за неколку стотици албански гласови.

Тоа што СДСМ го стори вчера беше потврда за срамните ветувања кои аболицираниот Зоран Заев ги даде пред албанската дијаспора во Швајцарија.

СДСМ вчера побара граѓаните на Република Македонија да не дознаат, односно да не бидат информирани за пазарењето со највисоките национални интереси од страна на нивниот лидер, аболицираниот Зоран Заев. СДСМ побара медиумите да не известуваат дека аболицираниот Заев пред албанската дијаспора призна дека тој бил човекот што храбро го отворил прашањето на двојазичноста и храбро одлучил да поставува двојазични табли на штабовите на СДСМ. СДСМ им се закани на медиумите да не објавуваат дека аболицираниот Заев на албанската дијаспора и вети дека рамката на Охридскиот договор не била доволна и дека тој ќе ја проширувал, на линија на ветувањата за менување на Уставот. СДСМ вчера побара до граѓаните да не стигне информацијата дека Зоран Заев ја обвини Македонија дека во нас е проблемот за сите отворени спорови со соседите, вклучувајќи го и спорот за името со Грција.

Господа од СДСМ, треба да се срамите од Вашата политика и од антидржавните ветувања на вашиот лидер. Доколку сте искрени и доколку чувствувате барем малку одговорност кон македонскиот народ, тогаш ќе се оградите од изјавите кои што ги дава аболицираниот Зоран Заев, а нема да се заканувате по медиумите и да ги заплашувате за да не пренесат што ветувал Заев на албанската дијаспора.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски