Горан Трајковски, кој од 2016 година беше директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, поднесе оставка од функцијата непосредно пред најавената метла на премиерот Зоран Заев. Трајковски во изјава за „А1 он“ вели дека неговото повлекување од функцијата не е поврзано со најавите на премиерот каде ќе ги повлече функционерите и директорите, кои не ги исполниле очекувањата на граѓаните. Тој вели дека од државниот заминува во приватниот сектор.
„Апсолутно, нема врска со метлата. Ми кажаа дека медиумите пишувале дека има негативно мислење од Владата. Ако проверите, ќе видите дека мислењето за последниот поднесен извештај е позитивно во целост. Не би сакал повеќе да коментира, сакам само да се верификува оставката. Одам на друга функција“, вели Трајковски за „А1 он“.
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци испратил допис до Собранието во петокот. Тој објаснил дека оставката е од лични причини. Трајковски на функцијата во Агенцијата беше од 2016 година. Претходно, беше директор на Управата за јавни приходи.
Кристијан Ландов