Трајковски вети соработка со делчевските пензионери

Од:

Отворена општина за соработка со пензионерите и решавање на нивните проблеми вети кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски на средба со пензионерите.

– Се договориме за перманентна комуникација и постојани средби. Не можеме да затвораме очи пред проблемите на нашите возрасни сограѓани и како иден градоначалник ќе направам се за да имаат достоинствена старост и да уживаат во општествениот живот, да другаруваат и во третата доба, истакна Трајковски.

Пензионерите како најголем проблем ги посочиле просторните услови на делчевското Здружение за пензионери. За да го решат овој проблем тие инвестирале еден милион денари, но, како што посочија, останува да се набави инвентар за да може 2.800 пензионери да имаат каде да го поминуваат слободното време.

– Инвестиравме наши средства. Имаме површина од 240 м2, градежните работи се скоро завршени, деновиве ќе поставиме и парно греење. Очекуваме поголема поддршка од општината за доопремување на нашите простории и поддршка на нашите активности, изјави претседателот на Здружението на пензионери Моне Ѓеоргиевски.

Трајковски им вети на пензионерите дека ќе помогне во доопремување на новите простории, но оти и во соработка со централната власт ќе се издејствуваат средства за реконструкција на зградата кадешто живеат пензионери со ниски примања.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ