Трајковски потпиша меморандум за соработка со НВО секторот во Делчево

Од:

Меморандум за соработка со граѓанскиот сектор во Општина Делчево потпиша кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горан Трајковски.

Со Меморнадумот се утврдуваат целите кои ќе бидат дел од Програмата на новата локална власт доколку Трајковски ја добие довербата од граѓаните на претстојните локални избори.

– Јас имав прилика во претходнава дискусија на оваа средба со граѓанските здруженија од Општина Делчево да ги слушнам проблемите, предизвиците со кои тие се соочуваат. Јас ветувам дека ќе изградам транспарентна општина и ќе дадам максимална поддршка на граѓанскиот сектор кој е столб на едно демократско опшетство, а нивните проекти и заложби носат бенефит за самата општина, истакна Трајковски.

Тој додаде дека целите на меморандумот се предвидени во три нивоа.

– Прво, развој, соработка и поддршка на граѓанскиот сектор, афирмација на нивната работа, а во активностите е предвидено да се формира комисија која ќе работи на донесување одлуки поврзани со транспарентното делење на буџетските средства до невладиниот сектор. Исто така, сакам да истакнам дека планирано е донесување Стратегија на Општина Делчево за соработка со граѓанските организации за периодот од 2017 до 2021 година и одделување на буџетските ставки за граѓанските здруженија и спортските клубови, истакна Трајковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците