Трајковски: Не бев да се видам со Груевски, туку да се лекувам на клиника

Од:

Обвинетиот Александар Трајковски на паузата од денешното судење за „Насилството во Центар“, пред новинарите рече дека во Унгарија бил на лекување за проблеми кои ги има со капацитетите на белите дробови. Тој не сакаше да говори јавно, туку соопшти дека ги споделива информаците за јавноста да знае што се случувало.

„Бев да направам испитување. Две години имам намален капацитет на белите дробови. Досега никој не ме упати на лекување на Клиниката за уво, нос и грло. Се лекувам со пумпици…“, раскажа Трајковски.

Тој рече дека се лекувал на клиниката „Дуна медикал“. Покажа медицинска документација и сметки дека платил за здравствената услуга.

„Да бев еден чекор назад немаше да се знае дека сум во Унгарија“, рече Трајковски.

Тој рече дека ќе го затвори боледувањето и ќе ја достави докуменатцијата до институцијата каде што е вработен.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Поразот од Саудиска Арабија ќе се заборави, но ќе се паметат спектакуларните ножички на Трајковски

А1он

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Цела година „рисовите“ се без пораз – падна и Казахстан, волејот на Трајковски пресуден

А1он