Трајковски најави реализација на повеќе проекти за промоција и развој на туристичката понуда на Дебрца

Од:

Општина Дебрца располага со богат фонд автентични, културни, природни и традиционални ресурси и производи кои согласно глобалниот тренд во последните децении во руралниот етно-туризам нудат сериозни можности за развој на оваа гранка.

Игор Трајковски, кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека во таа насока во наредниот негов градоначалнички мандат предвидува реализација на неколку проекти како реконструкција на постоечки објект „стар Интернат“ во Село Белчишта со пренамена во Етно музеј и Музеј за ,,Белчишко блато“, проект за рехабилитација на браната на Слатинското Езеро, пешачка патека до пештерата „Јаорец”, изработка на туристичка брошура за Дебрца, промоција на Требенишко Езеро преку организирање риболовни натпревари, изградба на видиковци на Требенишко Езеро, како и проект за промоција на археолошкиот локалитет „Градиште – Горно Поле“ кај село Велмеј.

Трајковски рече дека предвидените проекти ќе се реализирааат со помош на странски донации и помош за што веќе биле воспоставени одредени контакти со странските амбасади во земјата.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори