Трајковски на средба со еко училиштата во Гази Баба

Од:

Градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски денеска одржа средба со директорите на основните училишта од подрачјето на Гази Баба во врска со имплементација на Програмата „Интерграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”.

Оваа година меѓу наградените училишта со зелено знаме се ООУ „Дане Крапчев” и ООУ „Наум Охридски”, а со сертификат за освоено сребрено ниво се здоби ООУ „Кирил и Методиј”. Овие училишта ги задоволуваат предвидените критериуми и услови за добивање на статусот за кој аплицирале на овогодинешниот конкурс.

Меѓу условите кои се предвидени со оваа програма училиштата преземаа низа активности во насока на подобрување на условите за работа во училиштата и зачувување на животната средина, меѓу кои се и поставување на ПВЦ врати и прозорци, менување на старите кровови со нови, поставување на парно на пелети, базени за собирање на дождовница и низа други мерки.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга