Промените доаѓаат, нема назад, ќе се гради по план инфраструктура за сите, парите ќе се вратат кон граѓаните, ќе се гради отворена и услужна, општина за сите, порача денеска кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски.
– Овие избори не се само локални избори, кога граѓаните ја бираат локалната власт, туку избори со кои треба да се врати животот за сите во Делчево и уште еднаш, гласно и јасно да порачаме дека не сакаме никаков режим, не сакаме назадување на прогресивната мисла, не сакаме поделба на народот, не сакаме младите да си одат од дома, не сакаме некој да ги троши парите на граѓаните за луксузи, а во нашата општина уште да зборуваме за канализации, водоводи, патишта. Ние сакаме живот, достоинствен човек, достоинствен работник, земјоделец, наставник, достоинствен пензионер. Сакаме отворена и услужна општина за сите, потенцираше Трајковски.
На последниот ден од изборната кампања, тој јавно се заблагодари, затоа што заедно со неговиот тим, секаде бил пречекан со отворени врати.
– Мои сограѓани, стојам пред вас и одговорно тврдам дека имам план за живот во Делчево, ветувам дека јас како кандидат за градоначалник од СДСМ и советничката листа на СДСМ и коалицијата, со помош на централната власт, ќе ги реализираме сите проекти кои се наведени во мојата изборна програма и проектите кои вие ги побаравте од мене на нашите средби. Ќе бидеме отворена општина за сите и сите заедно ќе работиме за поубаво, побогато и урбано Делчево. Почитувани сограѓани, ве повикувам на 15 октомври, масовно и достоинствено да излезете на избирачките места и без страв и уцени да го заокружите бр.19 и да гласате за мене, Горан Трајковски, кандидат за градоначалник од СДСМ и за Драган Маневски носител на советничката листа на СДСМ и Коалицијата, за живот во Делчево за сите, порача Трајковски.