Трајковски: Ќе се гради филтер станица во Делчево

Од:

Изградбата на филтер станица на браната Лошана и обезбедување на чиста вода за пиење и чиста животна средина се моја обврска, најави кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски.

На денешната прес-конференција тој истакна дека заедно со Советот на општината ќе ги реализираат барањата на граѓаните за чиста животна средина.

– Како идна локална власт ќе создадеме план и проекти со кои ќе биде зголемен капацитетот на дејностите на ЈКПД „Брегалница“ од Делчево, ќе ја подобриме и професионалната услуга преку намалени трошоци за граѓаните. ЈПКД ќе биде носител на најголемиот дел од активностите за чиста животна средина и тие ќе се извршуваат на професионален начин. Се обврзуваме дека навремено ќе се чистат сите загадени места, мали депонии, речни и проточни канали и третман на цврстиот комунален отпад, истакна Трајковски.

Според програмата на Трајковски, ЈП ќе биде обврзано во првите сто дена да набави нови канти за ѓубре и кант за селекција на отпадот кои ќе бидат распределени во градот и руралните средини

– Еден од моите капитални проекти е изградба на филтер станица за вода на браната Лошана. Апсурдно е во 2017 година се уште да зборуваме за нечиста вода за пиење. Но, лошите политики на ВМРО- ДПМНЕ не доведоа до ваква ситуација. Со реализацијата на овој проект, конечно, долгорочно ќе биде решен овој проблем, истакна Трајковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?