Трајковски: Ќе реализирам проекти во сите села во делчевската општина

Од:

Проекти за секое село во делчевската општина најави денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски.

-Во Ѕвегор најавувам решавање на проблемот со водоснабдувањето, изградба на тротоари по целата должина на магистралниот пат, чистење ендеци и изградба на детско игралиште. Во Габрово ќе се доврши канализацијата, ќе се изградат улици, а ќе се чистат и каналите и ендеците, истакна Трајковски.

Тој додаде дека во неговата програма има проекти и за селото Град каде е предвидено уредување на архиолошкиот локалитет Тврдина, а во селото Стамер покрај изградбата на канализација, ќе се уреди и ќе се постават инфотабли за палеонтолошкиот локалитет и реконструкција на спомен-домот Разловечко востание во село Разловци.

Нагласи дека ќе се решат актуелните инфраструктурни проблеми и проблемот со дивите депонии и отпадот, како и дека ќе се изврши чистење на ендеците и решавање на проблемот со јавното осветлување и во селата Очипала, Илиово, Бигла, Драмче.

Реализацијата на овие проекти во делчевските села ќе биде со поддршка на Владата, а целта, како што рече Трајковски, е подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани на општина Делчево.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ