Трајковски: Ќе го вратиме достоинството на просветните работници

Од:

Цврст, модерен и квалитетен образовен систем и враќање на достоинството на просветниот работник, најави денеска кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски. На прес-конференција тој истакна дека по 15 октомври повторно ќе се врати вистинската смисла на мислата „Знаењето е сил, знаењето е моќ“.

– По победата на СДСМ и коалицијата на овие локални избори, зборот просветен работник повторно гордо ќе звучи. Ќе го вратиме достоинството на учителот. Доста беа поделби и понижувања меѓу учителите по партсика основа, доста е од купени дипломи и оценки, доста е од нестручност и неукост. Во изминативе 11 години, учителите беа растргнати меѓу обврските од бескрајните фалшливи реформи, исплашени од просветните инспектори и не многу платени. Тие станаа понезадоволни од својот општествен статус иако треба да се авангарда во едно општество, рече Трајковски.

Трајковски, кој е професор по математика, во присуство на неговите колеги, просветни работници, најави низа проекти за образованието кои ќе се реализираат со поддршка на Владата, како зголемување на бројот и висината на ученичките и студентските стипендии, имплементација на ИКТ во наставниот процес, поттикнување на ученичко здружување, подобрување на хигиената во училиштата, изградба и реконструкција на училишни сали, игралишта.

Тој на сите просветни работници им го честиташе Светскиот ден на учителите и порача дека оваа професија повторно ќе биде ценета, хумана, одговорна и благородна.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори