Трајковски: Делчево ќе биде град за гордост

Од:

Кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ и коалицијата Горан Трајковски со прес-конференција на која го образложи предизвикот за кандидатурата и дел од изборната програма и официјално ја почна предизборната кампања за локалните избори.

Трајковски истакна дека за него е предизвик да се врати животот во Делчево и да се изгради Делчево кое ќе биде град за гордост.

– Предизвикот пред нас е да го вратиме животот во Делчево, да ги задржиме младите во Делчево, со мерак и љубов да гледаме како тие остануваат дома и формираат семејства и градат иднина во родното Делчево. Предизвикот е да се работи чесно и да се вложуваш од срце со една мисла, со една цел – да има живот за сите. И за земјоделците, за работниците, за пенизонерите, за младите. На лицата кои живеат на социјалното дно да им го вратиме достоинството, да го изградиме Делчево – град наша гордост. Јас се нафаќам на овој предизвик, бидејќи друг град немам. Јас го имам само ова мое Делчево, истакна Трајковски.

Тој потенцираше и дел од проектите содржани во неговата програма.

– Прв капитален проект е изградба на филтер-станица за вода, втор капитален проект е изградба на современ затворен градски пазар, а трет е изградба на градската капела. Но во Делчево, за жал, и во 21 век, и по осум години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, се уште зборуваме за основната инфраструктура. Ветувам дека доколку ја добијам вашата доверба, ќе го доуредам кејот на Брегалница, ќе се изградат улици во населбите Пролет, Басарица, Ѕвегорска Река, ќе се изврши промена на водоводната мрежа, изградба на водоснабдителен систем на Голак и повторно ќе го овориме локалниот музеј, истакна Трајковски.

Коалицијата на СДСМ вечер ќе одржи партиска конвенција на која ќе бидат претставени кандидатот за градоначалник и листатата со кандидати за членови на општинскиот Совет предводена од Драган Маневски.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата