Трајков: Идентитетот е вредност што мора да се чува

Од:

По повод 21-годишнината од основањето на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија, заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков присуствуваше на свечената академија во Лесковац, во просториите на Културниот центар.

На настанот беше истакната долгогодишната улога на Советот во заштитата, унапредувањето и афирмацијата на правата, културата и идентитетот на македонската заедница во Србија.

Во своето обраќање, заменик-министерката за европски прашања изрази благодарност за напорите што Советот ги вложува две децении наназад, нагласувајќи дека зачувувањето на јазикот, културата и традицијата е од суштинско значење за секоја заедница која живее надвор од матичната држава.

– Овој јубилеј не е само датум. Тоа е потсетник на напорната работа, на трпението, на храброста да се зачува јазикот, културата и традицијата во заедница која живее надвор од својата матична земја, но никогаш не ја заборава. Македонскиот дух отсекогаш знаел да опстои — и таму каде што е малуброен, и таму каде што историјата го ставила на испит. Токму затоа, денеска оддаваме чест на сите што го носат тоа наследство со гордост рече Трајков.

Таа истакна дека институциите ќе продолжат да бидат партнер и поддршка на македонското национално малцинство во неговите активности и развој.

– Националниот совет е мост меѓу двете држави, но и меѓу генерациите. Благодарение на него, младите Македонци во Србија имаат можност да учат за своето културно богатство, да го негуваат својот јазик и да ја чувствуваат поврзаноста со корените, без разлика каде живеат. Таа врска е нашата најголема сила истакна заменик-министерката за европски прашања.

Настанот заврши во дух на заемно почитување, со порака за понатамошна соработка, единство и унапредување на положбата на македонската заедница во Република Србија.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“