Трајко Вељаноски убеден дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе формираат Влада

Од:

Екс претседателот на Собранието и ново избран пратеник Трајко Вељаноски е убеден дека старите коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе формираат Влада.

„Убеден сум дека во наредниот период, до 29 јануари, ќе се затворат сите отворени прашања: најпрво, завршување на конститутивната седница, и создавање на влада. Мандаторот Никола Груевски има 20 дена да ја состави владата. Имаше овие денови некои условувања дојдени од политичка партија, имаше одговор од ВМРО-ДПМНЕ, односно од мандаторот кој ја претставува партијата и коалицијата, и се надевам дека надвор од она што беше почетно искричење, согласно со Уставот и законите, во наредниот период, ќе започнат преговори“, рече Вељаноски во интервју за Сител телевизија.

Позитивно решение според него е создавање Влада согласно со резултатите од изборите на 11 декември и релативизирање на напнатата општествена состојба.

„Граѓаните го бараат тоа. Затоа, убеден сум дека господинот Груевски и господинот Ахмети ќе изнајдат решение за создавање влада. По мое убедување и по мои сознанија, од 23 до 29 јануари ќе се затворат сите отворени прашања. Мислам дека клопчето ќе се одмота од идниот понеделник“, изјави Вељаноски.

ВМРО-ДПМНЕ, посочи Вељаноски, нема да дозволи менување на Уставот, нити продолжување на мандатот на СЈО.

Во однос на платформата на албанските партии која беше објавена неодамна тој изјави дека се работи за „несреќен документ изготвен од други држави“ кој наместо да ја подобри политичката ситуација, ја искомплицирал уште повеќе.

Гостување на Канал5 вчера имаше Антонио Милошоски , кој исто така повтори дека тие нема да дозволат менување на Уставот, ниту продолжување на мандатот на СЈО.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата