Трајко Славески на чело на партиската Комисија за изработка на идеи за програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

На вчерашната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше составена комисија за изработка и систематизација на идеи и предлози за програма, којa ќе ja предводи Трајко Славевски, информираат од опозициската партија.

„Комисијата составена од професионалци и луѓе докажани во своите области ќе имаат за задача да ги систематизираат идеите и предлозите на граѓаните прибрани од непосредните средби со граѓани, преку теренските посети и активностите од ‘Летото за Македонија’ кое продолжува со несмален интензитет. Воедно, комисијата ќе отпочне консултации и со професори, експерти и докажани професионалци од повеќе области, како и преставници на целни групи се со цел да се изработи програма која ќе биде освежен и реален одговор на потребите на граѓаните“, се наведува во соопштението.

Ќе бидат вклучени и комисиите на ВМРО-ДПМНЕ кои се составени од експерти од различни области. Од партијата појаснуваат дека програмата ќе биде со прецизни рокови и динамика на реализација и ќе понуди излез од напластените проблеми на граѓаните.

„Тоа ќе биде документ со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе се обврзе да ја избави државата од општествено, политичко економска криза во која се наоѓаме и пред се да се даде фокусот кон решавање на економските проблеми на граѓаните“, стои во соопштението.

На седницата на Извршниот комитет биле именувани потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за координатор на сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ на територија на Република Македонија, како и членот на Извршниот комитет, Владимир Нелоски за координатор на сите советнички групи на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од советите на општините. Воедно, биле именувани и повеќе претседатели на општински комитети.

Извршниот Комитет ги именувал и Сребре Марковски и Марјанчо Паноски за членови на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање