Трајко Димков и Артан Груби ќе учествуваат во Комисијата за избор на работници од УБК

Од:

Трајко Димков и Артан Груби се двајцата пратеници кои ќе учествуваат во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање формирана од Владата на Република Северна Македонија.

Денеска Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање ги избра овие членови кои, како што рече, претседателот на Комисијата, Трајко Вељаноски, се предложени по претходна консултација со политичките партии.

Комисијата го усвои и Извештајот за работата на УБК и Агенцијата за разузнавање за 2018 година.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски рече дека новата Агенција ќе биде транспарентна во однос на работата и отворена за медиумите. Директорот информираше дека се работи на избор на нови простории за Агенцијата и дека ќе функционира надвор од кругот на МВР.

Комисиите за избор на вработени во Агенцијата и за утврдување на нејзините акти имаат обврска да ја завршат работата до 20 август, а безбедносната агенција ќе почне со работа од 1-ви септември.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска