Трајчева побара Рашковски уште еден месец да остане во куќен притвор

Од:

По скоро еден месец откако Драги Рашковски е пуштен од затворот во Идризово во куќен притвор, обвинителката Ивана Трајчева побарала да му се продолжи мерката. Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „А1он“ велат дека и натаму сметаат оти тој може да избега, па затоа и побарале од Кривичниот суд одредување на нови 30 дена куќен притвор.

„Со оглед дека за лицето за кое покажувате интерес се уште постојат околностите врз основа на кои првично обвинителството побара определување на мерка притвор, надлежниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК навремено во законски утврдениот рок до Основниот кривичен суд Скопје  достави предлог за продолжување на мерката за обезбедување присуство за осомниченото лице“, велат од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Засега нема донесено одлука од Кривичниот суд за продолжување на притворот на Рашковски кој истекнува наредната среда.

Обвинителката Ивана Трајчева не се согласуваше со Кривичниот суд за Рашковски да излезе од затворот во Шутка и да му се одреди куќен притвор. Таа побара мерката да му се одреди поради тоа што Рашковски комуницирал со лица кои се опфати во истрагата за која тој се гони, а тоа е нелегалната набавка на софтвер. Кривичниот суд ваквиот предлог го одби со образложение дека Рашковски не сторил ништо што е спротивно на мерките кои му се определени.

Рашковски е во притвор од крајот на месец април, кога Кривичен совет, по барање на јавниот обвинител Ивана Трајчева, ја преиначи одлуката и од куќен пртивор го спроведе во затворот во „Шутка“. Заедно со него, во затворот беше спроведен и сопственикот на „Инвока груп“, фирма од која биле набавувани софтвери во спрона постапка според тврдењата на Обвинителството.

Како што објави „А1он“, pатувањето во Мексико на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, беше една од причините поради која обвинителката Ивана Трајчева, се сомневаше дека тој може да избега. Втората причина поради која беше побаран ефективен притвор е влијанието врз сведоци, за што, Трајчева тврди дека Рашковски веќе се обидел да го направи тоа. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, веќе поднесоа и жалба на одлуката за куќен притвор, но до овој момент, нема одлука од Кривичниот совет. „А1он“ дознава дека иако Рашковски го променил и телефонскиот уред, сепак, Обвинителството преку друг вид на комуникација обезбедило докази преку кои се гледа неговото посочување како да биде креиран тендерот.

Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата, спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата која го добила тендерот.

Би можело да ве интересира

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Рашковски за „Софтвери“: Кај мојот патент камерите може да бидат во движење

Горан Наумовски

Рашковски: Можеби е комплетно погрешна перцепијата дека позади дојавите за бомби стои некои човек, група или организација

Горан Наумовски

Судењето за „Софтвери“ продолжува на 14 март

Ана Ололовска

Вештак од областа на информатички технологии сведочеше за „Софтвери“

Ана Ололовска