Трајче Заев: Комбето од акцијата на МВР не е наше, меѓу уапсените нема вработени во фирмите на Заеви

Од:

Трајче Заев, близок роднина на премиерот Зоран Заев неколку дена е во фокусот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ којa го прозва дека неговиот шофер бил уапсен во акцијата на МВР во која беше запеленета голема количина дрога.

Трачје Заев се огласи на социјалните мрежи и тврди дека комбето запленето во акцијата не е на фирма на Заеви, ниту пак некој од вработените во нивните компании е меѓу уапсените. Вели дека во моменот се наоѓа на службено патување во Обединетите Арапски Емирати.

„Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви. За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија вмро дпмне сакам да го објавам следното: Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви. Јас сум на службено патување од 23ти Март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка“ стои во објавата на Заев.

Би можело да ве интересира

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога