Трајче Димитриев кандидат за градоначалник на Демир Капија од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Домот на културата „Мирка Гинова“ во Демир Капија го промовира кандидатот за градоначалник во тој град, Трајче Димитриев, кој на претстаојните локални избори ќе се бори за втор мандат.

Пред своите сограѓани Димитриев ги претстави проектите што ги завршил досега и плановите за натамошен развој на општината, со приоритет за зајакнување на локалната економија и отворање нови работни места. Ги истакна реализираните проекти од областа на урбанизацијата, патната и комуналната инфраструктура, а се осврна и на активностите за промоција на природните, културните и туристичките потенцијали на Демир Капија.

– Ќе формираме нови индустриски зони што ќе резултираат со изградба на нови индустриски капацитети и нови инвеститори. Изградба на ефикасна и сигурна патна инфраструктура исто така ќе биде приоритет, нагалси Димитриев.

Со цел развој и унапредување на земјоделството, најави, се планира изградба на вински центар како мултифункционален простор за изложување на земјоделските производи и вино од Тиквешкиот регион. Дел од неговите идни проекти, како што рече, се и акумулација на река Дошница „Брана Бучевник“ и акумулација на река Бошава.

Раководството на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на промоцијата ја истакна целосната поддршка што ја дава на кандидатуреата на Димитриев.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела