Трајановски и Тодоровиќ ќе градат кружни крстосници на Јужниот булевар

Од:

Град Скопје и општина Центар треба да изградат две кружни крстосници. Првата на вкрстувањето на Јужниот булевар со  булеварот „Климент Охридски“, а втората на крајот на булеварот „Кочо Рацин“ т.е. на подвозникот кон Црниче.

Кружните текови, како што истакна  кандидатот за градоначалник за Град Скопје од коалицијата „За подобра Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски на денешната прес-конференција, ќе бидат на две нивоа.

– Сметаме дека со ова сообраќајно решение, со спуштен кружен булевар и со оној кој пред неколку дена го промовиравме, булеварското решение на подземната сообраќајница од мостот „Гоце Делчев“ до комплексот банки целосно ќе се растовари сообраќајот во Скопје за следните 40-50 години, рече Трајановски.

Овие проекти, како што појасни, ќе го чинат Град Скопје околу 4 милиони евра.

Според него, ова ќе значи почеток на реализацијата на Јужниот булевар или еден дел од него.

– Со турската компанија „Лимак“ потпишавме Меморандум за соработка со кој и се дава земјиштето каде што треба да биде Јужниот булевар, од булеварот „Кочо Рацин“ до булеварот „Св. Климент Охридски“ во должина од 800 метри. На „Лимак“ му се дозволи на земјиштето, над булеварот да изгради деловен објект, а булеварот да го спушти онака како што е предвидено по ГУП, 6 метри надолу, рече Трајановски.

Појасни дека сега се очекува турскиот инвеститор да го направи проектот за подземната соообраќајница, заедно со објектот за два месеца. – Веќе работиме на избор на проектант за овие две сообраќајници. Паралелно кога ќе биде изграден Јужниот булевар ние ќе мора да ги изградиме и овие две кружни крстосници, рече Трајановски.

Кандидатот за градоначалник за општина Центар Владимир Тодоровиќ изјави дека ова сообраќајно решение за скопјани е од голема важност.

Би можело да ве интересира

Николоски: Нема да има предвремени парламентарни избори

Горан Наумовски

Жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Приштина и Јужна Митровица ќе добијат градоначалници во вториот круг од изборите

Горан Наумовски

Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Андреј Бабиш се враќа на власт: Победа на популизмот и нови предизвици за Чешка

Предраг Петровиќ

Трет ден кампања за Локалните избори 2025