Трајановски и Митрoвски најавија продолжување на „Партизанска“

Од:

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје и на општина Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски и Сокол Митровски, денеска на прес-конференција го презентираа проектот за продолжувањето на булеварот „Партизански одреди“.

Со проектот се предвидува реконструкција и проширување на булеварот „Партизански одреди“ од крстосницата со улицата „Ацо Шопов“ до кружниот тек на улицата „4 Јули“ и изградба на кружен тек со две коловозни ленти и средишно зеленило на вкрстувањето со  улицата „Ѓорче Петров“, кај „Порта Влае“.

– Со овој проект ќе се олесни одвивањето на сообраќајот во овој дел од Градот и ќе се реши ова сообраќајно тесно грло. Булеварот ќе се прошири по десната страна во должина од 700 метри, во средишниот дел ќе се формира зелен појас и ќе се уредат тротоарите и велосипедските патеки, изјави Трајановски.

Во текот на градежните работи, додаде, ќе се реконструира постојната фекална канализација, ќе се постави нова атмосферска канализација и ново улично осветлување.

Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров Митровски рече дека решавањето на оваа критична сообраќајна точка е повеќе од потребно.

– Тука, воедно е и првата слика на сите кои доаѓаат во Ѓорче Петров, посочи Митровски.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме