(ВИДЕО) Трајановски: Делата говорат за мојата транспарентност, секогаш сум отворен за граѓаните

Од:

Реализиравме голем број проекти во овие 2 мандати, докажавме дека ветеното може да се исполни, изјави пред своите сопартијци и членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

-Скопје беше град на мали стари булевари, метеж, нехигиена, недоволен број паркинзи и без зеленило, рече Трајановски.

Делата говорат за мојата транспарентност, секогаш сум отворен, за граѓаните, рече Градоначалникот на Скопје кој потсети на неколку проекти кои тој ги реализирал во изминатите 8 години како 28 километри булевари, 8 кружни текови, 3500 нови паркинг места и 320 нови автобуси со кои, како што кажа, го подобрил јавниот превоз.

На крајот од својот говор, Трајановски побара поддршка од граѓаните за него и за останатите кандидати градоначалници како би оствариле победа уште во првиот изборен круг.

-За овие вредни луѓе убеден сум дека по победата ќе ги засукаат ракавите и ќе ги направат своите општини подобри места за живеење, рече Трајановски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?