Трајанов: Владата да ја повлече солгасноста за францускиот предлог, ЕУ да ја одложи одлуката за усвојување на преговарачката рамка

Од:

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз во врска со Францускиот предлог за разрешување на спорот наметнат од Бугарија и деблокада на евроинтеграциските процеси смета дека: Прво, Владата на Македонија да ја повлече согласноста за прифаќање на Францускиот предлог, во кој на суптилен начин се вградуваат националистичките барања на Бугарија, а со Протоколот усогласен помеѓу претставници на двете влади детално се разработува имплементацијата на истата.

Второ, ги повикуваме земјите членки на Европската унија, посебно Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка и Словачка, да стават вето но ставање на дневен ред на Преговарачка рамка во која се вградуваат националистички барања на Бугарија сврзани со идентитет, јазикот, историски и образовни прашања .

ЕУ треба да се држи до основните европски вредности и принципи и Копенхашките критериуми. Трето, со оглед на фактот што претставници на Владата на Македонија директно беа вклучени во преговорите со Бугарија, бараме нивно повлекување (оставка) од функциите, посебно министрите за надворешни работи и евроинтеграции.

Четврто, Демократскиот сојуз е против Францускиот предлог и ги повикува граѓаните своите ставови да ги искажат преку социјалните мрежи или со мирни протести, за да види Европската Унија дека овде има силен граѓански -народен отпор против загрозување на Македонскиот национален идентитет.

Демократскиот сојуз ќе ја повлече поддршката на Владата доколку се согласи Преговарачката рамка да биде усвоена од Советот на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Павле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи

Трајанов: Постапката за хашките предмети да продолжи

Орце Костов

Трајанов: Техничката влада да биде одраз на составот на Парламентот

Горан Наумовски

Павле Трајанов побара информација од МВР за грозоморните убиства

Горан Наумовски

Трајанов: Итно да се усвојат измените на Изборниот законик за една изборна единица

Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на измените на Кривичниот законик