Денеска, Павле Трајанов, претседател на ДС, престојуваше во Штип, при што имаше средба со гаѓаните на која зборуваше за сложената политичка состојба и потребата од формирање на политички блок како одговор на граѓанскиот предизвик и потребата од промени.
Во својот настап Трајанов нагласи дека еден од врвните приоритети е создавање услови младите, способните и креативни кадри да останат овде во Македонија:
“Имаме проект со кој се предвидува за сите што ќе завршат високо образование година дена да поминат на работа во државни институции или приватни компании со надоместок од 10.000 денари и здравствено осигурување на сметка на Буџетот на РМ.”
Приемот на работа во државната и јавната администрација, локалната самоуправа и јавните претпријатија да се врши врз основа на три критериуми:
-постигнат успех на студиите
-ранг на факултетот и
-време на чекање.
На овој начин целосно ќе се елиминира партиското влијание при вработување.
Македонија е во криза поради високата корупција и институционалниот криминал, поради што само со промена на власта може да се спроведе проектот ДЕКРИ, односно одговорност за тие што ја ограбија државата, конфискација на имотот стекнат со криминал и забрана на политичко дејствување од најмалку 10 години.
Трајанов зборуваше и за потребата од системски промени, Македонија да биде една изборна единица и реформи во судскиот систем, како и поддршка на домашните компании, како битен предуслов за економски развој.
Новиот политички блок “Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА” е одговор на граѓанскиот предизвик и гаранција дека ќе има промени во државата.
Демократскиот сојуз е отворен за соработка со опозиционите партии, граѓанскиот сектор и поединци кои се определени да истраат во политичката борба за симнување на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од власт.
На средбата присуствуваа и претставници од ФРОДЕМ, МРО – Работничка партија и ДЕМОС.