(ВИДЕО) Трајанов: Непходно е формирање на политичко-експертска влада

Од:

Вкупните политички состојби во Република Македонија се исклучително сложени, но и понатака се усложуваат после одлуката на ДУИ да се повлече од извршната власт. Не ги знаеме кои се точно намерите на ДУИ но мислам дека би било добро доколку интенцијата би била да се формира политичко-експертска влада која што ќе спроведе реформи неопходни за стабилизирање на состојбите во Република Македонија за деблокада на институциите во државата се со цел да се создаде позитивен амбиент за одржување фер и демократски избори, рече Павле Трајанов.

Според Трајанов повеќе од сигурно е дека голем број на обврски што се дефинирани во договорот од Пржино не се исполнети со што нема услови да се организираат избори на 5-ти јуни годинава.

– Од тој аспект гледано сметам дека е добро доколку политичките партии започнат разговори евентуално да договорат формирање на експертска влада која ќе спроведе длабоки реформи во судскиот систем, службите за безбедност и во други сегменти вклучувајќи ги и медиумите доколку сакаме да обезбедиме кредибилни услови за фер, демократски, легитимни избори, вечи Трајанов.

Тој истакна дека би било добро доколку директорот на агенција за разузнавање, директорот на управата за безбедност и контраразузнавање и министерот за внатрешни работи да дадат куси информации за вкупните случувања и безбедносните ризици кои што преставуваат закана за стабилноста на Република Македонија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски