• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Габриела Димковиќ-Мишевска
Македонија

(ВИДЕО) Трајанов: Очекуваме СДСМ да ја поддржи иницијативата за една изборна единица

by Габриела Димковиќ-Мишевска19/09/2019 - 12:5519/09/2019 - 13:31837
Share1

Претседателот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот Законик, да има една изборна единица, наместо досегашните шест. Според Трајанов овој модел на избори ќе донесе поголема контрола на Собранието врз извршната власт и ќе стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии.

Добивај вести на вибер

-Сметаме дека е време да се стави крај на монополот на двете политички партии, да бираме по пропорционален модел при што во Парламентот ќе има место и за малите партии. Според нашите анализи од 100 до 150 илјади гласови се губат на помалите партии и ретко која од нив сама успева да влезе во Парламентот. На овој начин ќе се внесе и систем на контрола, одговорност и поинаков начин на носење одлуки. Сега одлуките се носат во големите партии, а не во Собранието како што е пракса во демократските развиени земји. Досега немало покрената одговорност за ниту еден Премиер. Политиките се носат централизирано, без здрава дискусија и критика. Овој изборен модел ќе ја смени таа слика и ќе имаме политичка разноликост, а малите партии погласни во напорите да се донесат квалитетни закони во интерес на граѓаните, рече Трајанов.

Тој додаде дека начелно поддршка очекува од СДСМ, кои според него треба да си стојат на зборот, затоа што оваа иницијатива е нивно изборно ветување.

-СДСМ пред изборите рече дека меѓу првите работи што ќе ги направи е измена на законот за една изборна единица. Сега дали ќе си стојат на зборот и дали им одговара оваа идеја ќе видиме. Иницијативата е поднесена, има анализа изготвена од нашиот тим зошто треба да биде прифатена и очекуваме дискусија, рече тој.

Идеите за три изборни единици, од кои две ќе бидат македонски и една албанска, Трајанов како што рече за Демократскиот Сојуз се неприфатливи затоа што тој модел ќе донесе федерализација на државата. Доколку помине иницијативата за која треба подршка од 61 пратеник, Трајанов најави дека партијата има и предлози за поинакво финансирање на партиите и медиумска покриеност на изборите.

demokratski sojuzizborna edinicaPavle Trajanov

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Горан Наумовски10/01/2026 - 12:46

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Катерина Ѓуровски17/10/2025 - 11:02

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он27/09/2025 - 11:46

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Горан Наумовски26/09/2025 - 14:59

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија

Катерина Ѓуровски25/09/2025 - 13:06

Демократски Сојуз: Наместо како земја членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот рајх

Горан Наумовски11/07/2025 - 14:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен