Трајанов: Не се откажуваме и покрај тоа што Владата не даде зелено светло за една изборна единица

Од:

Владата дала негативно мислење за измена и дополнување на Изборниот законик со кој Македонија од шест треба да стане една изборна единица на иницијативата која ја предводи група пратеници од помалите партии. Како што информира пратеникот Павле Трајанов од Демократски Сојуз и еден од иницијаторите, образложението било дека за носење на ова законско решение е потребен општ консензус и сеопфатна дебата со сите парламентарни партии.

Сепак, како што вели тој постои шанса да се најде решение, затоа што за четврток е закажана јавна дебата во Клубот на пратеници на која се поканети сите партии, со цел аргументирано изнаоѓање на заедничко решение.

„Владата даде негативно мисење од овие причини, но не се откажуваме од иницијативата, а знаете дека и законското решение е во процедура. Факт е дека е потребен консензус и се надевам дека ќе го постигнеме. Во четврток на иницијатива на министерот за правда Маричиќ ќе имаме дебата во Клубот на пратеници, на која сме поканети и ние како иницијатори на измените на Изборниот законик. Мислам дека таа средба доаѓа во однос и на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, со кои се планира поширока дебата на работната група со парламентарни политички партии, на која ќе се разгледа и предлогот за промена на изборниот модел. Знаеме дека има работна група за надминување на недоразбирањата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но сепак ќе има проблем и со партијата ДУИ, кои не се изјаснија дека ја поддржуваат оваа промена, но начелно знаеме дека не сакаа една, туку три изборни единици. Се надевам дека доколку се надминат разликите во ставовите помеѓу другите политички партии, на крајот и ДУИ ќе даде зелено светло“, изјави пратеникот Трајанов.

Зад предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој треба да се воведе една изборна единица и на тој начин помалите партии да имаат погоплеми шанси за повеќе пратенички места се потпишаа пратениците на ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојсоски, Павле Трајанов од ДС, Маја Морачанин и Мирослав Богдановски од ДОМ, Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица, Љупчо Балкоски од на ВМРО-НП, како и пратеникот од Коалицијата на СДСМ, Панчо Минов. Оваа законско решение веќе е пред пратениците, ставено е на дневен ред на 41-та седница, но се уште не е дојдено на ред за разгледување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште