Трајанов достави Предлог-закон за преиспитување факти и докази користени во судска постапка

Од:

Претседателот на партијата Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов, денеска достави Предлог-Закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, со кој се создаваат можности за повторување на постапката, доколку судска одлука се заснова на:

– повреда на начелото презумпција на невиност;
– користени се разговори од незаконито пресретнување на системите за комуникација;
– злоупотреба на посебната истражна мерка заштитен сведок;
– злоупотреба на системот за распределба на судски предмети (АКМИС);
– во други случаи на фабрикување или монтирање на факти и докази…

„Во суштина предлагам законски решенија за создавање законска можност, можност за преиспитување на фактите и доказите во сите политички мотивирани судски процеси преку повторување на постапката“, нагласи Трајанов.

Тој посочи дека во изминатите 15 години има голем број на монтирани судски процеси.

„Во овие политчко-полициски монтирани процеси, биле вклучени политичкиот врв во државата, припадници од Министерството за внатрешни работи, (посебно од Управата за безбедност и контраразузнавање), јавни обвинители и судии“, истакна претседателот на Демократскиот сојуз.

Според него, преку повторување на постапката, освен што ќе се исправи неправдата и ќе се рехабилитираат жртвите, ќе се разјасни улогата на сите вклучени во овие монтирани случаи, посебно на судиите кои, како што рече, носеле судски одлуки врз основа на лажни докази и други факти.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски