Трајаноски: Јавниот обвинител да утврди дали има прикривање на физичко насилство врз полицајката

Од:

Граѓанскиот активист, Жарко Трајаноски на социјалните мрежи изрази сомневање дека се прикрива физичкото насилство кое се случило вчера кога високиот функционер на ДУИ, Бекир Асани, вербално ја нападнал полицајката кога пајак-возило и вработени во „Градски паркинг“ му го кренале возилото кое било поставено на раскрсницата во близина на плоштадот „Скендербег“.

Трајаноски го повикува Јавното обвинителство да покрене случај во кој ќе се утврди дали сомневањата кои кружат во јавноста дека имало физички напад од страна на Бекир Асани се вистина.

– Има основано сомневање дека политичкиот функционер или негови колеги извршиле незаконско влијание за да се попречи истрагата, односно има индиции дека се сторени кривични дела „Непријавување кривично дело или сторител“, „Помагање на сторител во извршено кривично дело“, „Незаконито влијание врз сведоци“, а во врска со можни кривични дела „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ или „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ (за кои е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години), напиша Трајаноски на социјалните мрежи.

Тој своето обвинение го базира на вчерашните објави во медиумите во кои пишува дека полициската службеничка имала телесни повреди и е примена во здравствена установа што, според него, би значело дека сепак имало физички напад од страна на Асани.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ