Трагедија во Тетово: Возач со „Голф“ прегази шестгодишно девојче на булевар

Од:

Шестгодишно девојче од Тетово го изгуби животот откако како пешак било удрено од возило околу 18 часот на булеварот „Видео Смилевски-Бато” во Тетово, информира Тетовската полиција.

Во девојчето на булеварот, познат и како улица „Индустриска“, на кој често се случуваат слични несреќи, удрил автомобил „Фолксваген Голф“ управуван од 30-годишeн жител на селото Фалише, соопшти полицијата.

-Од ударот девојчето добило тешки телесни повреди од кои по пренесувањето во Тетовската клиничка болница подлегнало. Возачот учесник во несреќата е обезбеден за понатамошната постапка, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во тек е увид што го води јавен обвинител, а учествува и екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски