Трагичен настан се случи попладнево во Битола откако 81 годишен старец околу 17,30 часот се самоубил на гробот на својата сопруга.
Станува збор за лицето Владимир А. од Битола, кој отишол на гробот на својата сопруга и се самозапалил, по што починал на лице место.
Полициски екипи се на местото на инцидентот, каде се врши увид. Засега не се познати причините за самоубиството на старецот.