Традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје

Од:

Под мотото „За Скопје со љубов, дарувај крв-биди хуман“, Црвен крст на град Скопје денеска традиционално организира крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје, и во знак на покажаната солидарноста и хуманоста на нашите сограѓани.

Крводарителската акција, која е организирана со поддршка на Општинска организација на Црвен крст Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина, ќе се реалаизира од 9 до 17 часот во Дневниот центар за дарување крв, лоциран во ДХО „Даре Џамбаз“.

– На денот на солидарноста, кога Скопје се сеќава за значењето на истата, ги покануваме граѓаните да бидат дел од крводарителска акција и да ја изразат својата солидарност преку чинот на дарување крв, стои во соопштението од Црвениот крст, од каде дополнуваат дека крводарувањето е сосема безбедно и во услови на пандемија со Ковид-19, а самата крводарителска акција ќе биде спроведена со почитување на сите пропишани протоколи за работа.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Најголемата почит кон жртвите од земјотресот во 1963 е да создадеме град достоен за нивниот спомен

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Македонската опсерваторија измери земјотрес од 4.6 степени по Рихтер

А1он

Земјотрес во Скопје, 4.8 степени по Рихтер

А1он

Компанијата ФРУКТАЛ донираше овошни сокови на Црвениот Крст и СОС Детско село

А1он

62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Горан Наумовски