Традиционален новогодишно-божикен концерт во Струмица

Од:

Новогодишно-божикен концерт во џез стил подготвен од членовите на училишниот оркестар и хор од СОУ „Јане Сандански“ во Струмица ќе се одржи денеска со две изведби од 18 и 19:30 часот во Домот на АРМ.

Концертот се одржува шестти пат по ред и е со хуманитарен карактер. На програмата ќе се најдат петнаесетина нумери кои хорот и оркестарот на Гимназијата ги подготвуваат три месеци.

Професорот по музичко воспитување Дени Кирчанов, рече дека концертот ќе има мешавина од латино ритми и џез елементи, како и дека ќе понуди импровизирана програма со солисти и инструменталисти.

Членот на оркестарот и ученик во трета година Димитар Бајрактаров рече дека во оркестарот се десет членови. – Секоја година имаме уникатно искуство. Жанрот е различен. Минатите години беше класична и модерна музика, а овојпат е повеќе музика од 70-тите години и мислам дека ќе биде интересна за публиката, истакна тој.

Анастасија Пенева, член на хорот, нагласи дека како членови на хорот ќе имаат можност и поединечно како солисти да ги покажат своите вокални способности.

Професорката по музичко воспитување Анита Станковска вели дека на концертот ќе има презентација од постари времиња, блуз, џез, боса нова, свинг, со цел да се покаже дека младите умеат да музицираат и да изведуваат друга музика.

– Четириесет ученици, дел во бендот, дел во оркестарот ќе ги покажат своите музички таленти. Имаме една поинаква концепција бидејќи вокалните настапи ќе бидат со бендот и ќе има а-капела изведба на композиции во помали состави, истакна таа.
Влезниците се по цена од 100 денари, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели за лекување на Мартина Манушева.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ