А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Традиционален Божикен ручек за 500 деца во Прилеп

by А1он07/01/2016 - 09:43133
Share0

Во прилепскиот хотел „Кристал Палас“ денеска по 10 пат на големиот празник Христовото раѓање, Божик, ќе се одржи традиционалниот Божикен ручек за деца од цела Македонија, во организација на Детската амбасада за сите деца во светот.
 
Околу 500 деца без родители, децата со посебни потреби, децата на загинатите бранители, деца на членови на невладината организација, денеска ќе бидат на заедничка празнична трпеза, ќе празнуваат и ќе се дружат. На заедничката трпеза со децата од Скопје, Прилеп, Охрид, Ресен, Тетово, Битола, од Струмица, се поканети и деца од другите верски заедници во земјава.
 
Божикниот ручек ќе го благослови владиката Петар, а прилепскиот градоначалник Марјан Ристески на децата ќе им подели подароци. Со своите песнички ќе ги забавуваат децата-учесници на меѓународниот фестивал „Ѕвездички“.
 
По седми пат, Детската амбасада за сите деца во светот ќе го додели и Орденот носител на мирот.  Годинава, информираат од оваа невладина организација,  признанието ќе го понесе компанијата АД „Фершпед“.

Добивај вести на вибер
mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен