Тошковски: Стариот пасош важи во Германија и Швајцарија, а не важи кај нас, срамота е

Од:

Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, срамота е што не важи и во Македонија, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

– Очигледно е дека МВР презема максимум во рамките на можностите, но би сакал да го повторам решението на маките на граѓаните, 61 пратеник да си ја заработат платата која ја земаат од истите тие граѓани и да стиснат на тоа пусто копче, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, да го сменат Законот за патните исправи. Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните, а истите да може да се движат во рамки на Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и така натаму слободно да се движат со патни исправи со старото име. Ги лажеле луѓето цело време, ги лажеле и меѓународните партнери. Но, факт е дека македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија само не може да се употреби во Македонија. Пратениците да постапат по предлог законот за пасошите кој им го доставив“, рече денеска министерот за внатрешни работи од техничката влада, Панче Тошковски.

Тошковски рече дека пристигнале 20 илјади обрасци, но не објасни како МВР се нашло во оваа ситуација.

– Го средивме хаосот со пунктот во Пролет кој функционираше со четири фотографи. Сега имаме 14 фотографи. Во август имало договор во согласност со кој заклучно со 18 февруари во Македонија требало да пристигнат 400 илјади обрасци. Тој договор со одреден акт е заменет и притоа заклучно со 18 февруари во согласност со тој договор е преземена обврска некаде во декември за 22 илјади обрасци“, објасни министерот.

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ