Тошковски со законски измени ќе поставува началници на СВР со еден ден работен стаж, велат од Левица

Од:

На денешната собраниска седница на дневен ред се предлог-измените на Законот за полиција, кои суштински воопшто не придонесуваат за професионализацијата на МВР, туку напротив, со истите ќе се засили партизацијата на полицијата, велат од Левица.

– Во контроверзните измени (кои ги предлага министерот за “безбедни дивоградби”) скандалозно се предвидува бришење на условот за претходно искуство при поставување началник на Сектор за внатрешни работи. Имено, со новиот предлог-Закон за полиција се брише став 2 од член 22 во Законот за полиција, кој експлицитно предвидува: ,,за началник на сектор за внатрешни работи може да биде назначено лице кое има работно искуство во Полицијата најмалку од шест години, од кои четири години на раководно работно место”.

Ваквото намалување на критериумите при поставување на раководни места е директна деградација за вработените во МВР, каде наместо искуството и професионалноста да бидат критериуми за напредување – очигледно под капата на вмровскиот режим единствен услов за напредување во безбедносните служби ќе биде партиската послушност и потчинетост.

Дополнително, Владата воведува и заменик-директор на Бирото за јавна безбедност, што во пракса искуството покажува дека ваквите функции служат само за задоволување на теснопартиските интереси и коалиционите апетити, во услови кога бирократизираните институции и преобемната администрација го цедат државниот буџет токму со вакви нерационални функции. Наместо професионализација, Владата дополнително ги намалува критериумите за избор на директор, односно се бришат одредбите кои специфицираат дека директорот мора да има високо образование од областа на безбедноста, правото или економските науки. Во предлог-измените останува прешироката формулација дека доволно е директорот да има високо образование од областа на општесвените науки, што е недозволиво кога се работи за професионалност на безбедносните служби.

Ваквите скандалозни измени само ги потврдуваат лошите кадровски политики на владата на Мицкоски, кој очигледно по секоја цена се обидува да ги награди своите партиски послушни кадри со раководни места, преку директно рушење на критериумите за професионалност. Тенденцијата е јасна – насилието и ароганцијата на новиот авторитарен режим со вакви скандалозни законски измени брутално ќе ја партизира полицијата, која наместо да биде гарант на безбедноста на граѓаните, ќе се транформира во партиски орган кој ќе биде диригиран од тесните интереси на власта, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Љутков со „упатство“ поништува судски пресуди за плати во културата

Горан Наумовски

Левица: Комисии за боледување наместо лекување – административна тортура врз повредените во „Пулс“

Левица: Поддршка до народот на Венецуела и нејзиниот демократски избран претседател Николас Мадуро

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Убиен 22-годишен турски државјанин во Стара чаршија, напаѓачот е во бегство

Катерина Ѓуровски

Левица: Минималната плата под прагот на сиромаштија, секое трето дете живее во беда

(ВИДЕО) Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за непримена на право

Горан Наумовски