Тошковски: Сите документи поврзани со тендерот за униформи за МВР се јавно достапни

Од:

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека сите документи поврзани со тендерот за униформи за МВР се јавно достапни. Одговарајќи на прашање за обвинувањата од СДСМ, кои тврдат дека тендерот е скандалозен и дека документите ги доставиле до Антикорупциската комисија, Тошковски потенцираше дека ќе бидат транпарентни во целот на постапката.

– Уште еднаш ги повикам Јавното обвинителство и сите останати институции кои имаат надлежност во овој дел да дојдат во рамки на Министерството за внатрешни работи, во одделот што ги спроведува овие јавни набавки, да ги видат сите документи што се поврзани со предметната набавка. Министерството за внатрешни работи е транспарентно и ќе биде транспарентно во целост на оваа постапка, изјави Тошковски при денешната посета на граничниот премин „Јажинце-Глобочица“ со цел пуштање во употреба на One Stop системот за заедничка интегрирана контрола.

На прашањето за поднесените две обвиненија за кланот Беланоца-Барони и групата на Раде Штекли, министерот Тошковски рече дека овие предмети се само едни од оние предмети кои даваат историски резултати во Македонија.

– Многу пати имам кажано, не само јас и Јавното обвинителство и експерти од областа, дека од ваков тип на организирани и координирани акции помеѓу ЈО и МВР, каде што во текот на една акција се разоткриени повеќе од осум убиства, нешто што беше незамисливо до 2024 година во Македонија, а не верувам дека ќе има во иднина. Заради тоа што не верувам дека во иднина ќе има министри кои што во период од осум години нема да си ја работат својата работа и ќе дозволат Јавното обвинителство заедно со министерството да разоткријат ваков тип на криминали, само во една акција, изјави Тошковски.

Порача македонските граѓани да бидат спокојни, бидејќи, како што рече „како министерство продолжуваме со исто темпо“.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски за заплената на марихуана: Никој не е над законот

А1он

(ВИДЕО) Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, мал број прекршоци

ВИДЕО: „Сејф сити“ стартува за седум дена, во првата фаза на ризичните локации

Катерина Ѓуровски

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште

А1он