Тошковски: Приведувањето на Салиу ќе биде испитано, но бил нападнат полициски службеник

Од:

Внатрешна контрола ќе го испитува постапувањето на полициските службеници во врска со приведувањето на новинарот Фуркан Салиу, изјави денеска во одговор на новинарски прашања министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него, се работи за кривично-правен настан.

-Внатрешна контрола ќе си постапи во целост согласно нејзините надлежности, внатрешна контрола за овие три месеци покажа дека можело и поинаку да се работи од тоа досега, и во целост ќе биде испитано секое едно дејствие што е преземено од страна на полициските службеници, а е поврзано со овој кривично правен настан, рече Тошковски.

Повика, како што кажа, на овој кривично правен настан да се го гледа таков каков што е, а тоа е дека станува збор за пресметка на две навивачки групи, за пресметка која што како таква доколку полицијата не интервенирала таму можело да биде многу сериозно.

-Таму можело да биде многу сериозно. Таму со камења е фрлано спрема полициски службеници, со камења е фрлано од една навивачка група спрема друга навивачка група и откога е воспоставен редот од страна на полициските службеници многу е битно да се каже дека натпреварот е завршен, односно фудбалерите го доиграле натпреварот, како што го доиграле, и притоа, нели, секако немало да го доиграат натпреварот ако не било воспоставен соодветен безбедносен ред во рамки на постапувањето, посочи Тошковски.

Тошковски сподели детали од вчерашниот настан, кои, како што рече, ги говори исклучиво само врз основа на факти коишто можел лично да ги констатира и дека станува збор за напад врз полициски службеник.

-Многу е битно да се знае дека навивачките групи почнуваат физички да се пресметуваат помеѓу себе и од тој момент интервенира полицијата да ги раздвои. Трет факт е дека во рамки на физичкото пресметување помеѓу себе е констатирано едно лице кое што потоа е приведено, кое што на повеќе наврати физички напаѓа припадници на другата навивачка група и притоа физички напаѓа и еден овластен полициски службеник кој го соборува потоа приведеното лице, а притоа при соборувањето на приведеното лице околу овластениот полициски службеник се присутни и други овластени полициски службеници припадници на интервентна полиција и на ЕБР, при што во моментот на приведување на ова лице кое што напоменувам на повеќе наврати физички удира и мава како по припадници на друга навивачка група, така и се бори со дел од полициските службеници, изјави Тошковски.

Исто така, додаде, факт којшто е констатиран во текот на вчерашниот ден е дека во рамки на возило, сопственост на еден од приведените, е пронајдено огнено оружје -пиштол при преглед од страна на овластените службени лица.

-Огненото оружје е со дозвола на имателот на истото, значи истиот поседува дозвола за негово поседување, која што во никој случај не може да амнестира во најмала рака прекршочна одговорност во овој дел заради тоа што таквото оружје во никој случај не може да биде во рамки на возило кое што како такво било на предметното место во рамки на селото Средно Коњаре, односно точно се знае согласно закон како се поседува огнено оружје, како се транспортира од точка А до точка Б, како се носи истото, дали со полн шаржер, дали со празен шаржер…, кажа Тошковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Петто убиство откако Тошковски е министер, ниту едно не е расчистено

Кузеска: Македонија се претвори во Диз Запад, ВМРО-ДПМНЕ не расчисти ниедно убиство за шест месеци

Катерина Ѓуровски

Тошковски – Гир: Продолжува поддршката на ЕУ во реформите и јакнење на капацитетите на македонската полиција

Тошковски: Повторно е создаден хаос во издавењето лични документи, набрзо ќе се реши проблемот

Горан Наумовски

Панче Тошковски по 25 дена се врати во министерското столче во Внатершни работи

Катерина Ѓуровски

Тошковски и Николоски му се заблагодарија на Мицкоски за предлозите да бидат министри

A1on