Тошковски: Ќе се процесуираат сите решенија донесени по завршување на изборите до именување нови владини членови

Од:

Ќе се процесуираат сите решенија донесени по завршување на изборите до именување нови владини членови, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во одговор на новинарско прашање околу најавата за постапка против поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши за незаконско распоредување на 189 вработени.

-Факт е дека Антикорупциска комисија утврди во рамки на нивните процесни надлежности, незаконитост во постапувањата на заменик-министерот за временскиот интервал којшто беше по завршување официјално на изборниот процес се до именување на нови членови во рамките на Владата. Од страна на МВР ќе биде постапено согласно закон и ќе се процесуираат сите оние решенија кои во предметниот временски интервал не смееле да бидат донесени од страна на оној којшто ги донел, рече Тошковски.

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), на седницата минатата недела утврди дека заменик-министер во техничката влада што ја предводеше Талат Џафери, донел 189 решенија за распоредување на вработени, иако тоа било спротивно на одредби од Законот за спречување корупција и судир на интереси и на Изборниот законик.

Претседателка Татјана Димитровска тогаш најави дека „ќе иницираат постапка до надлежен орган“ против поранешниот функционер.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ