Тошковски ќе го награди полицаецот Беким Исмани кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по вчерашниот настан во Тетово, каде полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот, денес го прими и разговараше со колегата Беким Исмани, кој со исклучителна храброст и присебност ја спречи девојката да скокне и да си го одземе животот, а притоа беше повреден од ножот кој таа го држела во раката.

„Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. Благодарение на навремената и решителна интервенција на нашите полициски службеници од СВР Тетово, таа денеска е жива и надвор од опасност. Ова не е само службено постапување, ова е чин на пожртвуваност, хуманост и длабока посветеност на мисијата да се заштити секој човечки живот. Во рамки на законските можности, ќе го наградам колегата Беким Исмани како признание за неговата храброст, професионализам и несебично постапување“, потенцираше министерот Тошковски.

Тошковски уште еднаш го нагласи фактот дека вистинска сила на полициската професија се гледа во најтешките моменти.

Би можело да ве интересира

Тошковски најавува заострување на казните за пиротехнички средства

Тошковски: Тест-периодот на „Безбеден град“ со охрабрувачки резултати

Горан Наумовски

Тошковски: По наредба на судија на претходна постапка е уапсен Фехми Стафа

Горан Наумовски

Тошковски: За 12 часа часа над 65.000 прекршоци

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“

Предраг Петровиќ

Во Собранието доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година