Тоше ги спои Карпош и Нова Градишка

Од:

Ликот и делото на Тоше Проески ги спои Општина Карпош и хрватската општина Нова Градишка.

Денеска, заврши десетото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески. Главен покровител на турнирот беше Општина Карпош, а организатор е Здружението на стопанственици Власи „Мандра“.

За прв пат, оваа година турнирот доби и меѓународен карактер, при што покрај екипите од повеќе македонски градови, учество земјаа и екипи од Хрватска, Албанија и Грција.

Првото место го освои екипата од Нова Градишка, второто место му припадна на тимот од Корча (Албанија) и третото место за екипата од родното место на Тоше, Крушево.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев зборуваше за вмрежувањето и соработката со Нова Градишка.

– Тоше и денеска спојува и поврзува! Како резултат на неговиот лик, дело и хуманост воспоставивме соработка со Нова Градишка. На мое големо задоволство, успеавме турнирот да добие и меѓународен карактер, затоа што Тоше беше личност – космополит, отворен за сите! Продолжуваме со поддршката на овој турнир, рече Богоев.

На доделувањето на трофеите се обрати и градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ кој се заблагодари за целокупната организација и гостопримството на локалната самоуправа.

Во текот на целиот турнир гостите уживаа во песните на Тоше кои беа изведувани од талентирани млади ученици.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи

Јакимовски најави нови четири занимални во детската градинка „Пролет“ во Влае

Јакимовски: Кој профитира од тендерите за лекови за Онкологија и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош