Торби со пари стигнаа во Битола, 200 евра за глас

Од:

Жители на Битола за А1он тврдат дека партиски членови бараат сигурни гласови за кои нудат по 200 евра.

-Почна да работи машинеријата на власта и на овие избори. Панично се нудат пари за сигурни гласови. Сега се нудат по 200 евра за глас или по 500 евра за цело семејство доколку сигурно гласаат за партијата на власт, тврдат жители на Битола за А1он.

Тие посочуваат дека се нудат и вработувања во РЕК Суводол за што се бараат 30 гласови. Ветувањето за вработување сепак се однесува за после избори, кога е нејасно дали воопшто ќе се исполни со оглед дека многумина така останаа без работа во изминатите гласачки циклуси.

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, голем дел од присутните беа донесени до автобуси од Прилеп и околината.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра