Топузова – Каревска: Ја очекував одлуката за разрешување од раководството на ЛДП

Од:

Пратеничката Роза Топузова – Каревска вели дека не е изненадена од одлуката на Централниот одбор на ЛДП да ја разреши од функциите член на Извршен одбор и потпретседател на партијата.

Таа во изјава за А1он вели дека и покрај ваквата одлука, таа останува да биде опозиција во Собранието.

– Сосема легитимно е Централниот одбор да ги менува членовите на извршен одбор, а исто така и да ги разрешува. Тоа е според Статутот на партијата. Сепак според пишувањата во медиумите за мене, ваквата одлука не беше изненадување – изјави Топузова – Каревска.

На прашањето чии ставови ќе застапува во Собранието, со оглед на тоа што не ја испочува одлуката на опозицијата за бојкот на Собранието, а и матичната партија се огради од неа, таа вели дека останува да ја критикува власта.

– Јас веќе имав еден настап во Собранието, во кои некои медиуми оценија дека нема опозициски говор. Како и да е – јас останувам да бидам опозиција – вели Топузова – Каревска.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори