Топлификација најави до утре исплата на долгот кон Макпетрол

Од:

Топлификација денеска преку соопштение информира дека заклучно до утре ќе ги исплати сите долгови кон Макпетрол за испорачаните енергенси до 30 ноември.

Во информацијата компанијата појаснува дека барањето на Макпетрол да се платат три милиони евра до утре се однесува на примени енергенси во периодот од 1 до 14 декември. Овој долг, како што истакнуваат од Топлификација, може да го исплатат до крајот на годината за што ќе преговараат со Макпетрол.

Вчера, Макпетрол најави дека ќе ја стопира испораката на гориво кон Топлификација доколку до утре таа не го исплати долгот, минимум три милиони евра. Според Макпетрол, до вчера долгот на Топлификација по основ на испорачан мазут и природен гас изнесуваше 191, 5 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Влада: Еднoстран прекин на греењето во зима не е оправдано, да се обезбеди топлинска енергија за граѓаните на Скопје

Предраг Петровиќ

Офшор фирмата „Те-То“, сопственик на БЕГ, го загуби предметот за неисплатена дивиденда против „Топлификација“

Ана Ололовска

Министерката за култура не е директор на Топлификација

Емир Латифовиќ

Три компании заинтересирани за лиценците на Топлификација

Емир Латифовиќ

Макпетрол ќе продолжи со испораката на енергенси кон Топлификација

Емир Латифовиќ

Макпетрол со рок до петок за Топлификација да го плати долгот

Емир Латифовиќ