Топланите ќе работат на дизел, ако нема гас најави директорот на ЕСМ

Од:

Ако на светскиот пазар нема гас, топалните ќе работат на дизел најави денеска на првиот ден од грејната сезона директорот на ЕСМ Васко Ковачевски. Тој вели дека грејната сезона тргнала навреме и оти скопјани ќе имаат грееење во текот на целиот предвиден период. Енергенски ќе бидат набавени, увруваат и Ковачевски и министерот за економија Крешник Бекштеи. Во моментов гас на кој работат топланите кои ги загребаат скопјани има набавено за да крајот на овој месец.

„Доколку има криза за природен гас во европски рамки, ние се подготвуваме да имаме и втора варијанта односно ги подготвуваме топланите Исток и Запад да работат на дизел гориво. Претходно работеле на мазут, но тој повеќе загадува и затоа се одлучивме за дизел гориво“, рече Ковачевски.

Ковачевски вели дека проблемот што некои згради немаат греење е кај станарите, а не кај ЕСМ.

„Утрово во 5.50, преку топланите Запад и Исток почна испораката на топлинска енергија и се испорачуваше до 9.15 часот кога надворешната температура достигна 12 степени. Апелирам до граѓаните да се подготват за им се испорача топлинска енергија, одговорноста не е кај ЕСМ туку кај граѓаните“, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

ЕСМ: Фирмата „Топлина“ е привремено ангажиран економски оператор

МВР распиша меѓународна потерница за Васко Ковачевски

А1он

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

А1он

Вчудоневиден сум што ОЈО не побара притвор за Васко Ковачевски, вели Тошковски

Горан Наумовски

Обвинителството за „Адитив“: Ковачевски сторил кривично дело, но моментално нема докази дека е дел од групата

Ковачевски не се откажал од македонското државјанство потврди министерот Тошковски