ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Централниот Комитет усвои нови кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Главната карактеристика е што огромно мнозинство се млади, некомпромитирани и нови имиња кои ќе внесат нова енергија, жар и ентузијазам за повеќе работи и многу успеси во развојот на општините, кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешната прес-конференција.
„Кандидат за градоначалник на Куманово е признатиот актер Тони Михајловски. Роден во Куманово, а признат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општината Бутел е Дарко Костовски. Тој е пратеник и воедно Костовски исто така е селектор и тренер на македонската Таеквондо репрезентација која постигна на овие олимписки игри во Токио историски резултат. Сигурен сум во победа на Костовски, зошто знаеме колку се залага и бори за неговиот Бутел“, истакна Мисајловски.
Д-р Александар Стојкоски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров, а Жарко Ристевски за општина Македонски Брод.
Во општината Свети Николе, Дејан Владев ќе се бори за градоначалничкото место, а Димчо Атанасовски во општината Македонска Каменица.
Елеонора Рашковска е кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за општина Берово, Зоран Здравевски во општина Чашка.
Киро Нацков е кандидат во општина Градско, Д-р Маријан Миленковски – општина Пробиштип, Миле Петков – општина Виница, Александар Китански – општина Пехчево, Бошко Цветковски – општина Лозово, Виктор Паунов – Општина Карбинци, Далибор Ангелов – Општина Облешево, Коста Маневски – Општина Зелениково, Никола Најдовски – Општина Демир Хисар, Д-р Мевмед Џафери – Општина Маврово Ростуше, Кирил Пецаков – Општина Охрид.